proculin tears

Наменет за:

  • третман на суви очи;
  • секојдневна хигиена на очите

Употреба

Претставува навлажнувачки раствор за очи со 0,2% натриум хијалуронат наменет за ублажување на:

  • чувството на иритација;
  • чувството на сувост и на пецкање во очите;
  • чувството на туѓо тело во очите;

кои се последици на:

  • природни појави (ветер, сонце, сув воздух);
  • солена вода;
  • чад;
  • прекумерна светлина;
  • клима-уреди;
  • долготрајно користење компјутер;
  • операција на очите;
  • конјуктивитис;
  • употреба на контактни леќи.

Која е основната улога на вештачките солзи?

Иако сувите очи не можат да се излечат, има многубројни чекори кои може да се преземат за третман на оваа состојба.

Употребата на вештачки солзи е примарен третман за суви очи.

Во случај на хронично суви очи многу е важно навлажнувачкиот раствор да се употребува постојано, дури и кога чувството во очите не е толку непријатно.

Бидејќи содржи хијалуронска киселина, Proculin TEARS е одлична замена за вистинските солзи. Хијалуронската киселина е природна материја која нормално е присутна во самите солзи и овозможува чувство на пријатност на површината на окото, чувство на удобност и ја подобрува стабилноста на солзниот филм. Нејзините ефикасност и безбедност клинички се докажани.


Начин на употреба

По една капка во окото, 2-3 пати на ден.


Пакување и режим на издавање

Картонското кутивче содржи 1 пластично шишенце со 10 ml раствор и упатство за пациентот. Proculin TEARS е медицинско помагало и може да се издава во аптека и без лекарски рецепт (БР).