Наменет за:

  • дезинфекција;
  • чување;
  • чистење;
  • навлажнување и
  • подмачкување на Вашите контактни леќи.

Која е основната улога на растворот за леќи?

Основната улога на растворот за контактни леќи Proculin LENS е да ги исчисти леќите, така што ќе ги отстрани наслагите од протеините и од мастите од солзниот филм нафатени на самите леќи. Исто така, растворот ги дезинфицира леќите и овозможува присуство на што помалку штетни микроорганизми на самата површина на леќите, овозможувајќи нивно попријатно носење.

Хијалуронската киселина, којашто влегува во составот на овој повеќенаменски раствор, претставува природна материја која, всушност, е дел од составот на солзниот филм и ја одржува неговата стабилност. Исто така, ја намалува чувствителноста на рожницата и затоа Proculin LENS се препорачува за чувствителни очи.


Неправилна и честа употреба на контактните леќи

Поради:

  • аплицирање на леќите со нечисти раце;
  • користење на леќите по истекување на рокот на употреба;
  • неотстранување на растворот што претходно стоел во кутијата за леќи;
  • изложување на контактните леќи на вода;
  • префрлање на растворот за леќи од една кутија во друга.

Честата употреба на контактните леќи може да предизвика:

  • промена на стабилноста на солзниот филм;
  • зголемена чувствителност и иритација на рожницата.

Со Proculin LENS може да се минимизираат овие симптоми или целосно да се избегнат.


Начин на употреба

  • 1.Внимателно миење и сушење на рацете.
  • 2.Вадење на леќите и нивно миење од двете страни во дланката со мало количество раствор и       повторно плакнење.
  • 3.Прелевање на леќите со растворот во соодевтните прегради и затворање.
  • 4.Заради дезинфекција на леќите, тие се оставаат во растворот најмалку четири часа или, уште       подобро, преку целата ноќ.
  • 5.Нежно протресување на кутијата.
  • 6.Леќите се подготвени за употреба.
  • 7.Се отстранува растворот и се затвора кутијата.

Антибактериска кутија за леќи

Во рамките на самото пакување Proculin LENS се наоѓа и подарок антибактериска кутија за леќи, која со својот специфичен состав оневозможува присуство и раст на бактерии и фунги во самиот раствор, со што се гарантира чистотата на самите леќи. Содржи комбинација на пропилен и на сребрени метални јони кои го овозможуваат антибактериското дејство секој пат кога кутијата се надополнува со растворот Proculin LENS.


Пакување

Proculin LENS е достапен во економично и практично пакување од 400 ml, доволно за употреба најмалку 30 дена.


Режим на издавање

Proculin LENS претставува медицинско помагало и може да се набави во сите аптеки и без лекарски рецепт.