proculin tears
  • proculin tears
  • proculin eye drops
  • proculin lens
  • proculin lens travel pack

Капки за очи Proculin

1. Колкав е рокот на употреба на капките за очи Proculin по првото отворање?

По првото отворање, капките за очи Proculin може да се употребуваат 28 дена, а потоа треба да се фрлат, за разлика од старото стаклено пакување на Proculin, кое по првото отворање мораше да се употреби во рок од 8 дена. Тоа е и една од причините зошто се премина кон нова, модерна, пластична амбалажа.


2. Дали можам да употребувам Proculin додека носам контактни леќи?

Proculin не треба да се употребува истовремено со контактни леќи. Се препорачува да поминат 15 минути меѓу употребата на Proculin и повторното ставање леќи.


Proculin LENS

1. Колкав е рокот на употреба на растворот Proculin LENS?

Рокот на употреба на повеќенаменскиот раствор за чистење, навлажнување и за дезинфекција на контактните леќи, Proculin LENS, е 3 години, односно 90 дена по отворањето.


2. За какви типови леќи е наменет растворот Proculin LENS?

Наменет е за сите типови контактни леќи, вклучувајќи и силиконски леќи со хидрогел.


3. Колкав е рокот на употреба на антибактериската кутија за леќи?

Рокот е неограничен. Меѓутоа, пожелно е да се користи нова кутија со секое ново пакување Proculin LENS, бидејќи таа доаѓа како подарок во рамките на самото пакување.


Proculin TEARS

1. Колкав е рокот на употреба на растворот Proculin TEARS?

Рокот на употреба на вештачките солзи Proculin TEARS е 2 години, односно 30 дена по отворањето.


2. Дали можам да употребувам Proculin TEARS додека носам контактни леќи?

Proculin TEARS не треба да се употребува истовремено со контактни леќи. Леќите треба да се извадат пред да се употребат вештачките солзи.