prokulin eye drops
  • безбеден
  • ефикасен
  • брз почеток на дејство

Состав

1 ml раствор содржи 0,3 mg нафазолин хидрохлорид.

Нафазолин хидрохлорид е супстанција која овозможува стеснување на крвните садови во очите, што води до намалено нивно црвенило.


Употреба

Proculin ги намалува симптомите на црвенило и на чешање на очите предизвикани од различни иританси, како:

  • прашина;
  • чад;
  • смог;
  • студенило;
  • ветер;
  • сонце;
  • ТВ-зрачење;
  • пливање;
  • употреба на контактни леќи;
  • работа со предмети во близина на очите.

Исто така, успешно ги отстранува симптомите на алергиско воспаление на очите предизвикано од:

  • полен;
  • трева;
  • животински влакна и др.

Дозирање и начин на примена

Вообичаено, 1-2 капки се капнуваат во окото (очите) најмногу до 4 пати на ден.


Препорачано времетраење на третманот

3-4 дена.


Првично отворање на шишенцето

  • капачето се отвора;
  • се вади прстенот;
  • капачето повторно се затвора докрај за да се отвори капалката;
  • се отвора и подготвено е за употреба.

Пакување и режим на издавање

Картонското кутивче содржи 1 пластично шишенце со 10 ml раствор и упатство за пациентот. Proculin може да се издава во аптека и без лекарски рецепт (БР).