"Стариот добар Proculin oтсега во нова, модерна, пластична амбалажа, заедно со Proculin вештачките солзи и со Proculin средството за чистење контактни леќи..."

Ви звучи познато?

Тоа е новата линија од Алкалоид АД – Скопје за комплетна нега на очите.

Познатиот бренд Proculin, присутен на пазарот од 1967 година и продаван во многу земји, низ долгата низа години стана синоним за третман на црвенилото и на чешањето на очите. Неговото долготрајно присуство на пазарот е доволен доказ за неговата безбедност и ефикасност.

Линијата за комплетна нега на очите, покрај Proculin, содржи и Proculin TEARS (вештачки солзи), наменети за секојдневна хигиена на очите и за чувство на комфор, како и Proculin LENS – средството за чистење, дезинфекција и за чување на Вашите контактни леќи.

ЗОШТО ПРОКУЛИН?

Затоа што е препарат од избор за третман на црвенилото и на чешањето на очите, предизвикани од:

  • прашина;
  • чад, смог;
  • студ, ветер, сонце;
  • ТВ-зрачење;
  • пливање;
  • употреба на контактни леќи;
  • работа со предмети во близина на очите
ЗОШТО PROCULIN TEARS Вештачки солзи

Затоа што се наменети за секојдневна хигиена на очите, овозможувајќи чувство на свежина и на пријатност во текот на целиот ден. Се препорачуваат за третман на таканаречени "суви очи", кои се карактеризираат со:

  • болка;
  • осетливост на светлина;
  • чувство на пецкање и на присуство на туѓо тело;
  • црвенило;
  • чешање.

Прокулин TEARS во својот состав содржат природна супстанција –  хијалуронска киселина, којашто е дел од составот на солзите.

ЗОШТО PROCULIN LENS?

Затоа што е вистински избор за третман и за хигиена на Вашите контактни леќи. Претставува повеќенаменски раствор за:

  • дезинфекција;
  • заштита;
  • чистење;
  • хидратација;
  • подмачкување;
  • плакнење;
  • отстранување на протеинските наслаги од Вашите леќи.

Доаѓа во практично и економично пакување од 400 ml со подарок – антибактериска кутија за леќи.

ЗОШТО PROCULIN LENS TRAVEL PACK?

Затоа што е вистински избор за третман и за хигиена на Вашите контактни леќи. Претставува повеќенаменски раствор за:

  • дезинфекција;
  • заштита;
  • чистење;
  • хидратација;
  • подмачкување;
  • плакнење;
  • отстранување на протеинските наслаги од Вашите леќи.

Proculin LENS travel pack е достапен во економично и практично пакување од 100 ml, погодно за патување